Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седма сезонска победа за црвено-црните, бодови и за нашите конкуренти во ВМФЛ
Седма сезонска победа за црвено-црните, бодови и за нашите конкуренти во ВМФЛ

Седма сезонска победа за црвено-црните, бодови и за нашите конкуренти во ВМФЛ

Екипата на ФК Вардар стигна и до седмата победа сезона во рамките на ВМФЛ, откако на домашен терен минимално со 1:0 ја победи екипата на Беса. Во ова коло до победи стигнаа и нашите конкуренти, екипите на Воска Спорт и Гостивар, кои славеа на гостувањето кај Беласица и Тетекс.

Погледнете ги комплетните резултати од 8.коло во ВМФЛ:

Пелистер – Слога  1934  3:0

Беласица – Воска Спорт  1:3

Тетекс – Гостивар  0:7

Вардар – Беса  1:0

Кожув – Каменица Саса  3:2

Аресими – Локомотива  0:0

Охрид – Караорман  1:0

Детонит – Борец  1:0

Во следното коло на програмата е дербито, во кое ќе се сретнат екипите на Гостивар и Вардар.