Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарците најефикасни во победата на Македонија против Турција, Томовски солиден на голот
Вардарците најефикасни во победата на Македонија против Турција, Томовски солиден на голот

Вардарците најефикасни во победата на Македонија против Турција, Томовски солиден на голот

Втора победа за ракометната репрезентација на Македонија, која попладнево славеше на гостувањето кај Турција, во рамките на 2.коло во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Избраниците на Лазаров славеа триумф со убедливи 36:27.

Интересно, во првите 13 минути резултатот на семафорот гласеше 0:9 за Македонија, па беше јасно во каков правец ќе тече натпреварот. Само во некои моменти, домашната репрезентација успеваше да намали на седум гола разлика, но далеку беа од некаква резултатска неизвесност. Македонија пред крајот на првиот дел стигна и до двоцифрена предност од 7:17, а на полувреме се замина со резултат 8:17.

Во второто полувреме, момците на Лазаров одржуваа предност од 7-9 гола разлика, едноставно бевме пресилни за Турција, па на крајот стигнавме и до висока победа.

Филип Талески беше предводник во победата со вкупно 7 постигнати голови, Дејан Манасков имаше 5 погодоци, додека 3 запиша и Гоце Георгиевски. На голот, Мартин Томовски се истакна со 7 одбрани.