Изминатиов викенд се одигра 14.коло во ВМФЛ, во кое на програмата беше дербито меѓу екипите на Пелистер и Вардар. Иако Пелистер на полувреме имаше предност од два гола, во второто полувреме, црвено-црните го израмнија резултатот, дури имаа и шанси за победа, сепак на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Во ова коло до победа стигна Гостивар, додека Детонит и Воска одиграаа со нерешен резултат.
Комплетни резултати од 14 коло во ВМФЛ:
Пелистер – Вардар 2:2
Кожуф – Тетекс 3:1
Аресими – Беласица 2:0
Охрид – Слога 2:0
Детонит – Воска 1:1
Борец – Гостивар 0:2
Караорман – Беса 1:1
Локомотива – Каменица Саса 2:1
После ова коло, Гостивар е нов лидер со 34 бодови, пред Вардар со 33 и Воска која има 31 бод. Во последното есенско коло, Вардар е домаќин на тимот на Кожуф.