Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Преглед на некомплетната сезона во младинската фудбалска лига
Преглед на некомплетната сезона во младинската фудбалска лига

Преглед на некомплетната сезона во младинската фудбалска лига

Како што е познато нема да се прогласуваат шампиони во младинските фудбалски лиги, во натпреварувачката сезона 2018/19. Генерацијата на играчи родени 2001 година ја одиграа последната сезона во младинската лига, со оглед дека веќе од следната сезона ќе немаат право под ова годиште да се натпреваруваат во младинските категории. Младинците на Вардар не се прославија многу сезонава, па воопшто не загубија ништо со прекинување на сезоната. Одигравме вкупно 16 натпревари, на кои имавме 7 победи, 1 нерешен резултат и 8 порази. Младинскиот тим на Вардар оваа сезона работеше дури со тројца тренери. Во првите неколку кола беа под водство на Деспотовски, кој беше заменет од Ивановски, за во пролетниот дел да ги превземе и Стефановски, под чие водство одиграа само два меча. Гол разликата беше 27 постигнати и 25 примени голови.

Ова се резултатите на вардаровите младинци на 16-те одиграни мечеви:

1 коло: Вардар – Победа  3:1

2 коло: Шкендија – Вардар  3:0

3 коло: Вардар – Пелистер  3:2

4 коло: Шкупи – Вардар  0:3

5 коло: Вардар – Работнички  1:3

6 коло: Еуроспорт – Вардар 1:1

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  1:3

8 коло: Вардар – Њу Старс  3:0

9 коло: Акад.Пандев – Вардар 1:0

10 коло: Победа – Вардар  1:3

11 коло: Вардар – Шкендија  0:6

12 коло: Пелистер – Вардар  0:3

13 коло: Вардар – Шкупи  0:1

14 коло: Работнички – Вардар  2:0

15 коло: Вардар – Еуроспорт  6:0

16 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:0

88960286_202747277611723_977622663528710144_n

 Во купот бевме елиминирани во 1/4 финалето, иако ако имавме малку повеќе среќа можевме да ја поминеме екипата на Шкендија. Сепак тетовската екипа успеа да излезе како подобра во 1/4 финалниот двомеч, но натпреварите во ова натпреварување беа прекинати во 1/2 финалето.

1/4, 1 меч: Шкендија – Вардар  3:1

1/4, 2 меч: Вардар – Шкендија  2:1