Полскиот шампион Келце ќе остане без главниот спонзор, компанијата ВИВЕ и ќе мора да се ослободува од своите најголеми sвезди, меѓу кои се Игор Карачиќ, Алекс Душебаев и Андреас Вулф.
После овие вести се отвара прашањето кое го чекавме неколку месеци – дали е можно враќање во РК Вардар на миленикот, на Игор Карачиќ.
Коцките во овој момент се поклопуваат бидејќи Вардар е во потрага по квалитетен среден бек, па сега сигурно акцентот ќе се стави на Карачиќ. Добрата релација на адреса ,,Михајло Михајловски – Игор Карачиќ” е уште еден позитивен сигнал за да се надеваме во она што го верувавме, а тоа е – Игор повторно во РК Вардар!
Навивачите веќе се во еуфорија: