Sunday ,13 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар повторно се лидери, младинците им дишат во “врат„ на Шкендија
Пионерските екипи на ФК Вардар повторно се лидери, младинците им дишат во “врат„ на Шкендија

Пионерските екипи на ФК Вардар повторно се лидери, младинците им дишат во “врат„ на Шкендија

Изминатиов викенд се одигра 13.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Екипите на Вардар за противник го имаа тимот на Работнички, натпревари на кои забележавме три победи и еден пораз.

Помладите пионери со победата против Работнички успеаа да избијат на првото место на табелата во лигата и да се израмнат по бројот на освоени бодови со екипата на Работнички. Избраниците на Деспотовски успеаа да слават и тоа со резултатски пресврт (2:1), откако на полувреме имаа негатива од 0:1. Во ова коло три бода освои и екипата на Победа, која славеше минимално на гостувањето кај Ренова, па сега сите три екипи имаат по 26 бодови, но Вардар е прв бидејќи има многу подобра гол разлика од екипите на Работнички и Победа.

Во градското фудбалско дерби славеа и пионерите на Вардар, кои полесно од очекувањата успеаа да го победат тимот на Работнички. Најголем дел од дилемите околу конечниот победник ги решивме во првиот дел, кога имавме високо водство од 3:0. Во второто полувреме, гостинот постигна само еден гол, доволен да го ублажи поразот. И пионерите после ова коло се вратија на врвот на табелата, искористувајќи го поразот на Академија Пандев, која загуби на гостувањето кај Шкендија. После 13 одиграни кола, Вардар е прв со 27 бодови, второто место е за А.Пандев која има 25, додека третото и четвртото место се за Работнички и Шкендија, кои имаат по 23 бодови.

Кај кадетите нема ништо ново што се однесува во позитивна смисла. Поразот против Работнички беше вкупно осми за оваа генерација, која се наоѓа на 8.позиција на табелата со само 10 освоени бодови. Во оваа категорија доминира екипата на Шкендија која досега собра 34 бодови, додека втора е Македонија Ѓ.П со 28 бодови.

Младинците на Вардар освоија многу важни бодови, за задржување на шансите во борбата за титулата со екипата на Шкендија. Црвено-црните триумфираа на теренот на Алумина (1:2), што беше нивна десетта победа во лигата. Шкендија и во ова коло беше убедлива, откако победи на гости кај Академија Пандев (0:4) и остана на првото место со 36 бодови, додека Вардар е втор со 41.

Во последното есенско коло, пионерските екипи ќе гостуваат на А.Пандев, додека кадетите и младинците се домаќини. Кадетите и младинците имаат и заостанато коло против Шкендија кое ќе го одиграат во среда на теренот во населбата Јане Сандански.