Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Карачиќ: Најсветол момент во кариерата ми е златото во ЛШ со Вардар, најголем “пех“ елиминацијата од Флензбург
Карачиќ: Најсветол момент во кариерата ми е златото во ЛШ со Вардар, најголем “пех“ елиминацијата од Флензбург

Карачиќ: Најсветол момент во кариерата ми е златото во ЛШ со Вардар, најголем “пех“ елиминацијата од Флензбург

Хрватскиот репрезентативец, Игор Карачиќ е меѓу ракометарите што најдолго е во оваа екипа на Вардар. Токму како член на вардаровиот тим  ги постигна најголемите успеси во кариерата. Беше дел од златниот состав кој дојде до круна во ЕХФ  Лигата на шампионите со кој следната година повторно дојде на собирот на најдобрите четири на “стариот континент“. Тој во интервју за веб-страницата на Вардар одговори на 20 интересни прашања.

1. Која е најголемата придобивка од тоа да се биде познат?
- Можам да кажам дека во тоа има и една голема среќа затоа што можеш на своите млади фанови да им го покажеш вистинскиот пат во животот.

2. Која особина најмногу ја цениш кај другите луѓе?
- Хуманоста, искреноста и чувствителноста кон другите живи битија.

3. Што најмногу те нервира или фрустрира?
- Неправдата и лажговците.

vardarfans-karacic1-660x330

4. Што најмногу сакаш кај себе?
- Што научив во животот никогаш да не се откажувам, и да не им правиш на другите она што не сакаш тебе да ти го прават.

5. Што е она што не го сакаш кај себе?
- Темпераментот

6. Кои се твоите најдобри моменти во ракометот?
- Имаше навистина многу, но секако можам да ги издвојат освојувањето на Лигата на шампионите со клубот и медалот на ЕП во Полска со репрезентацијата на Хрватска.

7. Кои се најлошите моменти?
- Елиминацијата од Флензбург во четврт-финалето за влез на Ф4

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ!