Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Преглед на 21.коло во ПМФЛ, Вардар загуби, останатите конкуренти за опстанок победија
Преглед на 21.коло во ПМФЛ, Вардар загуби, останатите конкуренти за опстанок победија

Преглед на 21.коло во ПМФЛ, Вардар загуби, останатите конкуренти за опстанок победија

Вардар го доживеа и вториот последователен пораз во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ и на тој начин падна на 11.место на табелата.

Вардар загуби убедливо на гостувањето кај Ренова (3:0), додека на другите натпревари победија екипите кои се борат за опстанок. Таков е случајот со Академија Пандев која стигна до првиот сезонски триумф откако дома ја победи Македонија Ѓ.П, како и „ослабениот“ Борец кој со триумфот над Беласица ја „закова“ на дното на табелата. До изненадувачка победа во последната минута од дуелот стигна и Пелистер кој славеше на гостувањето кај Струга Трим Лум.

Единствено Силекс загуби од Шкупи, додека дербито на колото меѓу Работнички и Шкендија заврши без голови.

Ова се екипи кои со Вардар се борат да не бидат на последните две места на крајот од сезоната кои водат во втората лига, како и на 9 и 10.позиција кои носат бараж за обезбедување на опстанок.

После одигрување на 21.коло, Вардар има само пет бода повеќе од Академија Пандев која се наоѓа на 11.место, потоа четири повеќе од Ренова и три од екипата на Силекс која се наоѓа на место кое носи во баражот.

Пред „младиот“ Вардар претстои тешка битка, веќе во следното коло на домашен терен го пречекуваме тимот на Струга ТЛ.

Вака изгледа табелата после одигрување на 21.коло

156608912_476058397085246_6541508053019903091_n

ФОТО: Вардар – фото галерија