Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со нов пораз во ЛШ, Веспрем е наш противник во 1/8 финалето
Вардар со нов пораз во ЛШ, Веспрем е наш противник во 1/8 финалето

Вардар со нов пораз во ЛШ, Веспрем е наш противник во 1/8 финалето

Вардар со пораз ја финишираше групната фаза во Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните беа поразени од екипата на Брест Мешков. На тој начин го освоивме седмото место во групата А, па во осмина-финалето за противник го имаме тимот на Веспрем.

Вардар го одигра најлошото прво полувреме оваа сезона во Лигата на Шампионите, откако по 30 минути игра имаше дури осум гола негатива од екипата на Брест Мешков.

Како да беше обратна ситуацијата, иако црвено-црните требаше да имаат императив за победа, не видовме ништо од тоа во првиот дел од натпреварот. По осум минути игра се играше гол за гол на двете страни, резултатот беше израмнет 5:5, Дибиров погоди на два пати од седум метри, додека Шеваљевиќ имаше 0/3 на стартот од натпреварот. Кантегрел сврза четири одбрани на голот, но неговите соиграчи беа расположени за надигрување. Во 11.минута, противникот прв успеа да поведе со два гола разлика, Вардар и со играч повеќе не успеваше да постигне ниту еден гол, додека прими три во својата мрежа. Поранешниот вардарец, Скубе, погоди за 5:9, што беше знак за Алушовски да побара тајмаут. Игравме дезорентирано во нападот, белорусите постигнуваа лесни голови, а кризата ја продлабочи Ваилупо кој беше најефикасен со 6 погодоци во првиот дел, со неговиот гол гостинот имаше и високи пет гола разлика (6:11) во 16 минута. Следеше најдобриот период за момците на Алушовски кој за жал траеше кратко, Вардар беше во серија од 3:0 намалувајќи на 10:12, додека Калараш промаши зицер, односно Пешиќ му одбрани удар, и од тука започна налетот на Брест Мешков. До крајот на првиот дел, противникот направи серија од 2:8 и на полувреме замина во висока предност, изразена со резултат 12:20. Вардар не е оној препознатливиот кој го знаеме од изминатите сезона, едноставно не наликува на тим кој бил двократен Европски Шампион.

Истава позитива од осум голови, Брест Мешков ја имаше имаше и по 9 минути игра во вториот дел, кога Скубе зголеми на 16:24. Кога ќе смалевме на пет голови, следеше нова серија за противникот, така беше и кога Калараш намали на 20:25, но противникот поведе со седум гола и имаше целосна контрола на резултатот. Не успеавме да намалиме на помалку од четири гола негатива, па Брест немаше проблеми да ја одржи високата предност од првото полувреме. Конечниот резултат на крајот гласеше 32:36.

Дибиров имаше 9 голови, исто толку одбрани и Кантегрел, додека Гаџа постигна 7 голови.