Вардар со осми пораз ја заврши групната фаза во Лигата на Шмпионите. Вечерва во СЦ. Јане Сандански по втор пат сезонава црвено-црните беа поразени од екипата на Брест Мешков (32:36).
На прес-конференцијата своето незадоволство го изрази капитенот Стоилов, кој истакна дека некои играчи не сфаќаат за каков клуб играат.
Сакам да му честитам на Мешков Брест за победата и му посакувам се најдобро во следната фаза. Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. На оваа конференција тренерот на Мешков кажа колку Вардар е специјален и како знае да направи кам-бек. Колку е голем, но некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што играат тука. Ова е најголемиот проблем овде. Тоа е она кое би сакал да го кажам, истакна Стоилов.
Противник на Вардар во осмина-финалето ќе биде екипата на Веспрем.