Вардар со осми пораз ја заврши групната фаза во Лигата на Шмпионите. Вечерва во СЦ. Јане Сандански по втор пат сезонава црвено-црните беа поразени од екипата на Брест Мешков (32:36).
Своите впечатоци од натпреварот ги искажа и Стевче Алушовски кој истакна дека многу работи треба да се променат во тимот.
Најпрво, сакам да испратам честитки за Мешков Брест. Натпреварот го отворивме добро, до резултат 5-5, кога имавме играч повеќе и направиме несфатливи грешки кои не се дозволени за Лигата на шампионите и ќе мора да менуваме нешто во иднина. Не бевме на ниво на задачата во одбрана, посебно во првиот дел кога примивме 20 гола. Беше тешко да се вратиш во мечот по осум гола негатива. Мислам дека оваа година многу работи ќе мора да се сменат ако сакаме добри резултати. Ова нека биде голема лекција за сите нас. “, изјави Алушовски.
Противник на Вардар во осмина-финалето ќе биде екипата на Веспрем.