Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две победи, еден нерешен резултат и пораз за младите екипи на ФК Вардар во дуелите со Работнички
Две победи, еден нерешен резултат и пораз за младите екипи на ФК Вардар во дуелите со Работнички

Две победи, еден нерешен резултат и пораз за младите екипи на ФК Вардар во дуелите со Работнички

Изминатиов викенд се одигра 4.коло во младинските фудбалски лиги. Младинските екипи на ФК Вардар освоија седум бодови во дуелите со екипата на Работнички.

Помладите пионери го задржаа стопроцентниот ефект и после одигрување на ова коло. Избраниците на Стефановски-Гаге го победија градскиот ривал со резултат 3:0. По еден гол беа дело на Никола Величковски, Горјан Цветков и Михаил Кузмановски.

Резултати од 4.коло во помладата пионерска супер лига:

Пелистер – Брегалница  1:0

Академија Пандев – Победа  3:0

Шкупи – Куманово Еуроспорт  3:1

Македонија Ѓ.П – Ренова  2:2

Њу Старс – Шкендија  1:6

Вардар – Работнички  3:0

Единствениот пораз во дуелите со Работнички го претрпеа пионерите на Вардар. Во ефикасен и интересен дуел на крајот подобар беше гостинскиот тим, кој славеше победа со резултат 4:5. Во листата на стрелци кај Вардар се запишаа Горазд Попов, Левент Ибраим Теодор Перковски и Лука Ивановски. Пионерите на Вардар на четири натпревари сезонава имаат две победи и два порази.

Резултати од 4.коло во пионерската супер лига:

Пелистер – Брегалница  1:0

Академија Пандев – Победа  4:0

Шкупи – Куманово Еуроспорт  3:0 (службено)

Македонија Ѓ.П – Ренова  4:0

Њу Старс – Шкендија  2:2

Вардар – Работнички  4:5

Кадетското фудбалско дерби заврши со победа на Вардар. Еден гол го реши натпреварот, истиот беше дело на Славче Живков. Нашите кадети имаат максимални 12 освоени бодови во првите четири кола.

Резултати од 4.коло во кадетската супер лига:

Брегалница – Пелистер  3:0

Победа – Академија Пандев  2:1

Куманово Еуроспорт – Шкупи  2:3

Ренова – Македонија Ѓ.П  2:1

Шкендија – Њу Старс  1:2

Работнички - Вардар  0:1

Младинците на Вардар и Работнички ги поделија бодовите, играјќи нерешено 1:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Ринор Исени. После четири кола, младинскиот состав на Вардар освои 8 бодови.

Резултати од 4.коло во младинската супер лига:

Брегалница – Пелистер  2:1

Победа – Академија Пандев  0:4

Куманово Еуроспорт – Шкупи  0:1

Ренова – Македонија Ѓ.П  1:0

Шкендија – Њу Старс  3:1

Работнички - Вардар  1:1