ЖРК Вардар ја заврши есенската полусезона со победа, денес високо ја совладавме екипата на РК Ѓорче Петров на домашен терен. Девојките на Ристова и Царчев победија со 32.гола повеќе односно со резултат 46:14 (18:8).
Вардар тргна офанивно по првата судиска свирка, почнавме да правиме предност на самиот почеток. По 10.минути игра водевме со плус пет, на семафорот беше 7-2 за нас. Следеше игра гол за гол па во 15.минута точно на половина на првиот период поведовме со 10-5 со голот на Костовиќ. Следеа 4.минути стерилна игра без погодоци, по една одбрана на Илиќ тргнавме во брза трансформација и погододи Лазаровска Михаела која беше прв стрелец во овој период со 4.гола.
Успеавме да ја удвоиме предноста, на 30.секунди до крај ја пробивме двоцифрената бариера и со голот на Миновска поведовме со 18-8. Покрај 4.гола на Лазаровска во првиот дел по три имаа Миновска и Tрпевска Ивона.
Вториот дел го отворивме со брзи два погодока, противникот не успеа ја совлада нововлезената Грујовска, по брза контра стрелаа Јана Паковска и Фани Ѓорѓиевска па само 90.секунди ракомет водевме со 20-8.Во вториот дел во игра Ристова ги уфрли девојките со помала минутажа сезонава: Паковска, Стефаноска, Попова и Цветковска. Сепак и покрај тоа ние имавме ритам. Во 39.минута отидовме на 15 плус, по одбрана на Грујовска и по брза контра стрелаше Попова. Границата од 20.гола ја минавме во 48.минута кога украде топка па со брзо движење во контра напад погоди Коцева Бојана. Се беше познато освен конечниот исход, победивме со 46:14 на крајот.
Прв стрелец денес беше Трпевска со 10 гола, воедно со ова ја “запечати” првата позиција на клубската листа на стрелци оваа есен, таа досега погоди 63.пати сезонава. Одличен меч имаше и Фани Ѓорѓиевска впишувајќи 9 погодока. По четири гола имаа: Стефаноска, Попова, Лазаровска и Коцева. Миновска имаше три, по два гола впиша: Цветковска и Џатевска.
Кај голманите имавме расположени девојки кои имаа над половина фатени удари. Илиќ бранеше во првиот дел и имаше 9.одбрани (52% ефикасност), во вториот дел Грујовска впиша 8.интервенции, таа сопре 58% од упатените удари во нејзиниот гол.