Вардар се врати на врвот на табелата во ВМФЛ, откако успеа на дерби натпреварот од 10.коло на домашен терен да ја порази екипата на Воска. Црвено-црните за две минути постигнаа два гола, преку Десниќ и Мицевски, додека противникот го намали резултатот на десет минути пред крајот со удар од белата точка. До победи во ова коло стигнаа и екипите на Пелистер и Гостивар.
Комплетни резултати од 10 коло:
Пелистер – Беласица 1:0
Тетекс – Слога 0:3
Вардар – Воска Спорт 2:1
Кожуф – Гостивар 0:3
Аресими – Беса 2:0
Охрид – Каменица Саса 1:0
Детонит – Локомотива 3:2
Борец – Караорман 0:2
Вардар е лидер на табелата со 25 освоени бодови, пред екипите на Гостивар (24), Воска Спорт (23), Пелистер и Детонит (20).
Во следното 11.коло, Вардар гостува на Слога од Виница.