Македонија У17 со трет пораз го заврши квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.
Надежите на Македонија денес загубија и од репрезентацијата на Луксембург, со гол во судиското продолжение, за конечни 2:3.
Иако Македонија рано го отвори резултатот, до крајот на првиот дел, противникот направи резултатски пресврт и поведе со 2:1. Во второто полувреме во игра ги видовме вардаровите играчи, Нуман Ајетовиќ и Дарко Сековски, и токму со асистенција на Ајетовиќ, поранешниот вардаров играч, Младеновски успеа да го израмни резултатот. Сепак во судиското продолжение падна уште еден гол во нашата мрежа.
Македонија на овој турнир кој се одржа во Скопје ги загуби сите три натпревари, од Исланд (0:3), Франција (0:4) и денес од Луксембург (2:3).
Дел од националната репрезентација беа Дарко Сековски и Нуман Ајетовиќ.