Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери завршија на 5.место на табелата во есенскиот дел од сезоната
Помладите пионери завршија на 5.место на табелата во есенскиот дел од сезоната

Помладите пионери завршија на 5.место на табелата во есенскиот дел од сезоната

Генерацијата 2007 на ФК Вардар ја игра својата дебитантска сезона во помладата пионерска Супер Лига. Оваа генерација на Вардар која неколку пати беше шампион во Детската Лига, сезонава после финиширање на есенскиот дел се наоѓа на 5.место на табелата. Избраниците на Трајче Стојковски на 11 одиграни натпревари остварија 5 победи, 2 нерешени резултати и 4 порази. Постигнаа вкупно 16 голови, додека примија 8 погодоци.

Сите постигнати резултати за помладите пионери во есенскиот дел од сезоната во помладата пионерска Супер лига:

1 коло: Кул – Вардар  0:2

2 коло: Вардар – Милано  1:0

3 коло: Шкендија – Вардар  2:0

4 коло: Вардар – Работнички  2:2

5 коло: Охрид – Вардар  1:0

6 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

7 коло: Вардар – Шкупи  1:2

8 коло: Академија Пандев – Вардар  0:2

9 коло: Вардар – Пелистер  0:0

10 коло: Победа – Вардар  0:6

11 коло: Вардар – Брегалница  0:1

Оваа генерација на Вардар успеа да се пласира во најдобрите осум екипи во Купот на Р.Македонија, откако во 1/8 финалето на домашен терен ја победи екипата на Победа со резултат 4:1.