Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар убедливи против ЖРК Шампион
Младинките на Вардар убедливи против ЖРК Шампион

Младинките на Вардар убедливи против ЖРК Шампион

Вчера, младинките на ЖРК Вардар гостуваа кај екипата на Шампион, цевено-црните дами дојдоа до победа со резултат 21-32 (11-18).

Девојките на Царчев и домаќинот играа рамноправен дуел на самиот почеток се до резултат 4-4. Потоа ние доминиравме на теренот, ги затворивме сите приодни кон нашиот гол, во напад казнувавме и со серија 0-5 поведовме со 4-9. Од тој момент до крајот на првиот период ја контолиравме играта, успеавме да заминеме на одмор со седум гола позитива, односно со резултат 11-18.

На самиот почеток на вториот дел со добра игра и серија 1-4, дојдовме првпат на двоцифрена предност, поведовме со 12-22. До крајот на овој натпревар ние рутински го одигравме овој натпревар, победата дојде до 11.гола позитива, крајниот резултат беше  21-32 за нас.

Кај нас прв стрелец беше Радевска Бојана со 7.гола, Максимовска Наталија и Коцева Борјана погоди по 5.пати, а 3ки впишаа Тошевска Магдалена и Поповска Нина. Вероника Ѓорѓиевска одбрани на голот 7 удари, Марија Галачева сопре 6.топки.