Генерацијата 2004 на ФК Вардар предводена од Петар Ѓорѓиески не успеа да го повтори успехот од минатата натпреварувачка сезона, кога стана шампион во регионалната-скопска лига. Оваа сезона потфрлија нашите млади надежи, завршувајќи на третото место во лигата, зад екипите на Работнички, која стана шампион и тимот на Шкендија кој беше второпласиран. Одигравме вкупно 18 натпревари, на кои имавме 13 победи, 1 нерешен резултат и дури 4 порази. Сите порази беа на гостински терен, од екипите на Работнички, Милано, Шкупи и Кул. Постигнавме вкупно 63 голови, додека примивме 16 погодоци.
Ова се сите постигнати резултати на вардаровата генерација 2004 во натпреварувачката 2018/19 сезона:
1 коло: Вардар – Шкендија 3:1
2 коло: Работнички – Вардар 2:1
3 коло: Вардар – Милано 0:0
4 коло: Њу Старс – Вардар 1:2
5 коло: Вардар – Шкупи 4:1
6 коло: Вардар – Скопје 9:1
7 коло: Форца - Вардар 0:7
8 коло: Вардар – Кул 3:0
9 коло: Драчево Јуниор – Вардар 0:5
10 коло: Шкендија – Вардар 1:2
11 коло: Вардар – Работнички 4:0
12 коло: Милано – Вардар 1:0
13 коло: Вардар – Њу Старс 5:0
14 коло: Шкупи – Вардар 2:1
15 коло: Скопје – Вардар 0:1
16 коло: Вардар – Форца 10:1
17 коло: Кул – Вардар 5:0
18 коло: Вардар – Драчево Јуниор 6:0
За утеха е освоениот трофеј во националниот куп, каде успеавме во големото финале да ја победиме екипата на Шкендија и на тој начин да го одбраниме трофејот во ова натпреварување, откако повторно во финалниот дуел бевме подобри од тетовскиот тим.
Каков беше патот на вардарци, кон освојување на куп трофејот:
1/8 куп: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:0 ( службено)
1/4 финале 1 меч: Пелистер – Вардар 0:2
1/4 финале 2 меч: Вардар – Пелистер 8:1
1/2 финале 1 меч: Акад. Пандев – Вардар 2:2
1/2 финале 2 меч: Вардар – Акад. Пандев 3:1
ФИНАЛЕ: Вардар – Шкендија 2:0
Убедливо најдобар стрелец на оваа генерација е Бесар Гуџуфи, кој сезоната ја заврши со вкупно 29 постигнати голови. Ова се сите играчи кои оваа сезона се запишуваа во листата на стрелци за генерацијата 2004.
1. Бесар Гуџуфи 29
2. Левент Ибраим 18
3. Кристијан Ѓорѓиевски 6
4. Сандро Каровски и Горазд Попов по 5
5. Талха Идризи 4
6. Игор Јаневски, Давор Серафимов по 2
7. Димитар Стоимов, Стефан Стојановски, Теодор Перковски, Ѓорѓи Дошев, Георг Стојановски, Максим Милошевски, Давид Љушев и Никола Павлески по 1 постигнат гол.