Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Кристопанс втор најдобар стрелец во ЛШ, веднаш зад Душебаев
Кристопанс втор најдобар стрелец во ЛШ, веднаш зад Душебаев

Кристопанс втор најдобар стрелец во ЛШ, веднаш зад Душебаев

Вардар покрај тоа што стана Европски шампион може да се пофали дека го има и вториот најдобар стрелец во Лигата на Шампионите. Се работи за незаменливиот Даинис Кристопанс кој имаше одлична сезона пред себе. Малку недостасуваше летонецот да го понесе признанието и за најдобар стрелец, но пред него заврши само еден играч и тоа поранешен член на црвено-црните. Се работи за Алекс Душебаев од редовите на Киелце, кој сезоната ја заврши со вкупно 99 постигнати голови, додека Кристопанс се најде на второто место, со 94 голови. Во ТОП-5 се најдоа уште Андре Шмид ( Рајн-Некар) со 91 гол, како и Барус Пуховски ( Мотор Запорожје) и Мелвин Ричардсон ( Монпелје) кои имаат по 87 голови.

Инаку ова е најдобра сезона во кариерата за Кристопанс, што се однесува до бројот на постигнати голови. Во сезоната пред да премине во Вардар, како член на Брест Мешков имаше постигнато 76 голови во Лигата на Шампионите. Се надеваме дека Кристопанс ќе го испочитува договорот со Вардар, кој е во траење до јуни 2020 година и ќе остане и наредната сезона дел од клубот.