Вардар по втор пат успеа да испише историја и да ја освои Европската титула, откако во големото финале ја победи екипата на Веспрем (27:24). Ако се земе предвид дека унгарците имаа само едно и единствено водство и тоа во првите минути од дуелот, тогаш може да се каже дека Вардар и повеќе од заслужено ја освои Лигата на Шампионите. Имавме и највисоки пет голови, за противникот да намали на еден гол, но Вардар повторно се покажува како постабилен тим во завршните минути. Најефикасен во нашите редови беше играчот, кој во новата сезона ќе го носи токму дресот на Веспрем, се работи за Мораес Фереира кој успеа да постигне 6 голови.
Погледнете ги најинтересните моменти од големото финале, на линкот, ТУКА.