По две европски круни во изминатите три сезони српскиот интернационалец Јања Војводиќ се разделува со црвено-црниот тим. Тој во Вардар имаше епизодна улога, па неговото заминување нема значајно да влиае на тимот.
24-годишниот среден бек од есен ќе биде дел од романскиот тим Баја Маре. Тој потекнува од школата на Врбас, Јања е повремен српски репрезентативец. Постојано беше во сенка на феноменалните средни бекови на Вардар, Циндриќ, Карачиќ и Скубе па по истекот на договорот си побара нова средина. Ова ќе биде 5ти негов интернационален предизвик, покрај во Вардар играше во Металург, Сласк од Полска и шпанскиот тим Пуенте Хенил.