Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Дибиров со трофејот од ЛШ, во посета на ООУ „Владо Тасевски“
Дибиров со трофејот од ЛШ, во посета на ООУ „Владо Тасевски“

Дибиров со трофејот од ЛШ, во посета на ООУ „Владо Тасевски“

Тимур Дибиров беше гостин во ООУ „Владо Тасевски“ и им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно. Трофејот освоен во Келн во Лигата на шампионите викендов беше дополнителен мотив за учениците да се фотографираат, а од Дибиров да побараат и автограм. Со солзи радосници, многу емоции, возбуда и среќа беше исполнет денот во училиштето, а Тимур ги направи децата неизмерно среќни.

2

„Среќни сме шт ни се исполни желбата. Учениците треба да имаат идол и звезда што ќе им биде пример. Имаме многу деца спортисти, а сега уште повеќе изразуваат желба да се занимаваат со спорт. Верувам дека и во нашето училиште ќе имаме ракометно школо што ќе биде дел од вардаровото ракометно семејство, изјави Елка Даскалова, директорката на ООУ „Владо Тасевски“.

3 4