Генерацијата 2002 на ФК Вардар кои минатата година на убедлив начин успеаа да станат шампиони на Македонија, оваа сезона целосно потфрлија и завршија на второто место. Многу прокоцкани бодови ги чинеа избраниците на Кралевски губење на трофејот, а како пресудни на крајот се покажаа поразите на домашен терен од екипи како Ренова и Македонија Ѓ.П, како и нерешените резултати, против екипа како Њу Старс. Иако на пет кола пред крајот имавме седум бодови предност, сепак на крајот не се покажа како доволна за освојување на трофејот. Променлива сезона за пионерите, кои оваа сезона останаа без трофеј. Освоивме вкупно 55 бодоови, кои беа доволни само за втората позиција, зад тимот на Академија Пандев кој со 57 бодови ја освои пионерската супер лига. На 27 одиграни натпревари, црвено-црните имаа 17 победи, 4 нерешени резултати и 6 порази. Постигнавме 63 голови, додека примивме 26.
Ова се сите постигнати резултати за вардаровите пионери во сезоната 2018/19:
1 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 1:1
2 коло: Вардар – Шкендија 3:1
3 коло: Ренова – Вардар 0:0
4 коло: Работнички – Вардар 1:3
5 коло: Вардар – Акад. Пандев 1:0
6 коло: Шкупи – Вардар 1:3
7 коло: Вардар – Брегалница 3:2
8 коло: Победа – Вардар 0:1
9 коло: Вардар – Њу Старс 1:1
10 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 4:5
11 коло: Шкендија – Вардар 2:0
12 коло: Вардар – Ренова 7:1
13 коло: Вардар – Работнички 3:1
14 коло: Акад.Пандев – Вардар 1:1
15 коло: Вардар – Шкупи 1:0
16 коло: Брегалница – Вардар 0:2
17 коло: Вардар – Победа 3:0
18 коло: Њу Старс – Вардар 2:2
19 коло: Њу Старс – Вардар 0:4
20 коло: Вардар – Брегалница 7:1
21 коло: Победа – Вардар 0:3
22 коло: Вардар – Ренова 1:2
23 коло: Работнички – Вардар 2:1
24 коло: Вардар – Шкупи 2:0
25 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар 0:4
26 коло: Акад. Пандев – Вардар 3:0
27 коло: Вардар – Шкендија 3:1
Во купот несреќно бевме елиминирани уште во осминафиналето од екипата на Работнички. Иако имавме шанси во регуларниот дел да го решиме победникот среќата не не посака, па патникот во следната рунда беше решен по изведувањето на удари од белата точка. Во пенал серијата подобар беше градскиот ривал, кој славеше со резултат 6:7.
Азер Омерагиќ го понесе признанието за најдобар стрелец оваа сезона за пионерите. Напаѓачот и воедно капитен на оваа генерација, успеа да постигна вкупно 24 голови. Ова се сите играчи кои успеа да се запишат во листата на стрелци.
1. Азер Омерагиќ 24
2. Мартин Радуловиќ-Величковиќ 9
3. Леонид Игнатов 5
4. Фисник Салиу 4
5. Александар Ѓурковски, Харбин Речица, Атом Фазлиу по 3
6. Туша Ветон, Далибор Костовски, Мујас Демири, Виктор Крстевски по 2
7. Али Асани, Филип Андоновски, Абдула Хасани, Петар Гугуљанов, Ринор Исени по 1 гол.