Saturday ,18 November 2017
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Александро Прелоговски: Убедливиот триумф против Работнички е резултат на напорните тренинзи и само не мотивира во продолжение од сезоната да бележиме добри резултати
Александро Прелоговски: Убедливиот триумф против Работнички е резултат на напорните тренинзи и само не мотивира во продолжение од сезоната да бележиме добри резултати

Александро Прелоговски: Убедливиот триумф против Работнички е резултат на напорните тренинзи и само не мотивира во продолжение од сезоната да бележиме добри резултати

Дербито во регионалната – скопска лига кај генерацијата родени “2003“ година му припадна на Вардар, кој на теренот на Алумина убедливо го совлада градскиот ривал, екипата на Работнички. Избраниците на Горан Петрески го покажаа своето вистинско лице и целосно го надиграа противникот и тоа на нивниот терен. Самиот резултат од 0:5 говори за настаните на теренот, каде црвено-црните доминираа на секој дел од теренот и на крајот и повеќе од залсужено ги освоија трите бодови. Пет различни играчи се запишаа во листата на стрелците, а еден од нив беше и Александро Прелоговски, кој стрелаше за водство од 0:2, по асистенција на Мирков. За нашиот сајт, напаѓачот на Вардар, Прелоговски ги сподели впечатоците од триумфот во дербито на колото.

-Напорно се подготвувавме за овој дерби натпревар ,имавме силна желба за победа и навистина очекувавме дека ќе ги освоиме трите бодови. Тоа што највеќе ми остави впечаток за овој натпревар е офанзивната игра и константниот притисок на половината на противникот, со која докажавме дека сме многу подобра екипа и мислам дека сосема заслужено ја издвојувавме оваа висока победа од 5:0. Овој триумф е резултат на напорните тренинзи и само не мотивира во продолжение од сезоната да бележиме добри резултати.

Во првото коло во оваа натпреварувачка сезона овие две екипи одиграа со нерешен резултат (1:1), тој меч се одигра на теренот на Академијата. Очигледен е напредокот во играта на младите Вардарци, кои новата сезона ја стартуваа со нерешен резултат, но како одминуваа натпреварите играа се подобро.

-На првиот натпревар одигран на теренот на Академијата одигравме со нерешен резултат (1:1) и овој дуел каде издвојуваме висок триумф во споредба со тој каде ги поделивме бодовите, многу се разликува. Можеби дека беше старт на сезоната па ни требаше време да се воиграме, но како поминуваа натпреварите игравме се подобро, а награда за нашата напорна работа е токму победата против градскиот ривал.

911

Оваа генерација на Вардар ја брани двојната титула освоена во претходната натпреварувачка сезона.

-Во првиот круг од оваа сезона имаме едно реми и еден пораз од екипата на Шкендија. Можеме да ветиме максимална борба и посветеност од нашата страна, на секој нареден натпревар без оглед кој е противникот. Се надевам на уште подобри резултати и многу победи за оваа генерација на Вардар, која треба да докаже зошто е актуелен освојувач на двојната круна.

Звонко Ивановски