Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес-конференција на ЖРК Вардар, за натпреварот против Турингер
Прес-конференција на ЖРК Вардар, за натпреварот против Турингер

Прес-конференција на ЖРК Вардар, за натпреварот против Турингер

Во петок во С.Ц. Јане Сандански, екипата на ЖРК Вардар го игра последното коло од групата Ц, каде ќе гостува тимот на Турингер. Вардар веќе го потврди првото место на табелата, но доколку сака да пренесе максимални шест освоени бодови во главната рунда, ќе мора да го победи германскиот претставник. По тој повод, клубот во среда со почеток од 13 часот во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за овој натпревар.

Натпреварот со Турингер е закажан за во петок, со почеток од 19 часот во С.Ц. Јане Сандански.