Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мандалиниќ на радарот на Вардар
Мандалиниќ на радарот на Вардар

Мандалиниќ на радарот на Вардар

Играчот на ППД Загреб и хрватски репрезентативец, Стипе Мандалиниќ е многу интересна опција за Европскиот шампион, тимот на Вардар. Мандалиниќ игра одлично оваа сезона, левиот бек во овој момент го дели првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите заедно со Доне со 44 погодоци.

Мандалиниќ важи за еден одличен бек шутер, минатата сезона играше сјајно во својот тим постигнувајќи вкупно 77 погодоци. Оваа сезона кога игра против Вардар посебно е расположен за голови, на саботниот натпревар ни даде шест, а на првиот во Скопје девет, значи на двата натпревари против Вардар оваа сезона дал вкупно 15 голови.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш Вардар следната сезона на левата бековска позиција ќе има двајца одлични млади играчи во имињата на Борозан и Мандалиниќ.