Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија Ѓ.П е следниот противник за вардаровите екипи, во рамките на 7.коло од младинските лиги
Македонија Ѓ.П е следниот противник за вардаровите екипи, во рамките на 7.коло од младинските лиги

Македонија Ѓ.П е следниот противник за вардаровите екипи, во рамките на 7.коло од младинските лиги

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат натпреварите од 7.коло во младинските лиги. Пионерските екипи во сабота гостуваат кај екипата на Македонија Ѓ.П, додека кадетите и младинците во недела на теренот во населбата Јане Сандански се домаќини на истиов противник.

Пионерските екипи на Вардар се големи фаворити на гостувањето кај Македонија Ѓ.П. После шест одиграни кола, пом.пионери на Вардар имаат 14 освоени бодови, додека противникот има само 1 бод, што го става Вардар во улога на голем фаворит во пресрет на утрешниот дуел. Пионерите на Вардар се лидери во лигата, а утре за противик ја имаат Македонија Ѓ.П, која после шест одиграни кола има освоено 7 бодови.

Кадетите на Вардар ќе се обидат да сврзат две победи, а дуелот со Македонија Ѓ.П е шанса за такво нешто. Противникот е закован на дното на табелата, со само 1 освоен бод после шест одиграни кола. Поголема неизвесност се очекува на мечот од младинската супер лига. Вардар има само еден бод повеќе од Македонија Ѓ.П на табелата, па очекува интересен дуел и борба голема за освојување на бодовите.

 Мечевите на пионерските екипи во сабота ќе стартуваат во термините од 09 и 11 часот, додека кадетите и младинците своите дуели во недела ќе ги започнат во 10 и 12 часот.