Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: До 31.октомври важи менувањето на ваучерите за пластифицирани картички
РК Вардар: До 31.октомври важи менувањето на ваучерите за  пластифицирани картички

РК Вардар: До 31.октомври важи менувањето на ваучерите за пластифицирани картички

Ракометниот клуб Вардар на својата официјална страница излезе со потсетување за лицата кои имаат сезонски билет и кои се уште не ги замениле со соодветна картичка.  Во истото се вели:

ПОТСЕТУВАЊЕ!
Сите сопственици на сезонски билети за натпреварите на Вардар своите ваучери ќе може да ги заменат со пластифицирани картички.

Замената ќе се врши секој работен ден на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” од 10 до 18 часот.

Последен рок за замена на ваучерите е 31 октомври 2019 година.

При замената потребно е да го имате ваучерот со кој се докажува дека поседувате сезонски билет што сте го купиле на билетарницата или он лајн.

Повеќе информации може да се добијат на телфонскиот број 02/2 401 980 или на info@ticketplus.mk