Во сабота и недела гостин на фудбалскиот клуб Вардар ќе биде екипата на Пирин од Бугарија, која во Скопје ќе допатува петок навечер со своите генерации родени “2002“ и “2003“ година. Тие на теренот на Академијата во сабота и недела ќе одиграат пријателски натпревари со екипата на Вардар, во соодветните возрасни генерации. На овој начин продолжува взаемната соработка и на овие две екипи, само за потсетување во месец март оваа година гости во Бугарија, односно во градот Благоевград беа пионерските екипи на Вардар, кои одиграа пријателски натпревари токму со екипата на Пирин. Тогаш пионерите беа поразени, додека помладите пионери издвојуваа победа.
Сигурна дека важна улога во оваа соработка со екипата на Пирин има моменталниот тренер на пионерските екипи во Вардар, се работи за Сашо Тодоровски или популарниот Рап-Тап, кој во својата играчка кариера има настапувано токму за Пирин од Бугарија. Оваа сезона, Тодоровски одлично ги води и двете генерации на Вардар, каде со помладите пионери има 13 победи од 14 одиграни натпревари и само еден нерешен резултат, додека со пионерите исто така се наоѓа во горниот дел на табелата. Вардаровата генерација “2003“ игра одлично по водство на Горан Петрески и е во отворена борба за двојната круна, на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Добро ќе ни дојдат овие пријателски натпревари, со оглед дека заврши есенскиот дел од сезоната.