Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати составите на двете генерации на РК Вардар, кои ќе не претставуваат на турнирот во Метковиќ
Познати составите на двете генерации на РК Вардар, кои ќе не претставуваат на турнирот во Метковиќ

Познати составите на двете генерации на РК Вардар, кои ќе не претставуваат на турнирот во Метковиќ

Пионерките и кадетките на РК Вардар, во периодот од 8-10-ти декември ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир, или 12 издание на турнирот “Метковиќ 2017“. Кадетките ќе бидат во група со екипите на  Метковиќ, Сплит, Катарина – Мостар и Далматинка – Плоче. Утре ги стартуваме настапите на турнирот, а отвараме со екипата на Катарина Мостар (15:50 часот), додека истиов ден ќе се сретнеме и со домашната екипа на Метковиќ (19:20 часот). Кадетките нема да ги предводи на овој предизвик нивниот тренер Пецевска Драгана која изминатите три години го создаде овој колектив со многу труд и залагање поради семејни причини. Младите вардарки  на турнирот ќе бидат предводени од поранешните македонски репрезентативки и Индира Кастратовиќ и Марија Папуџиева.

Ова се ракометарките кои ќе ги бранат боите на Вардар во оваа генерација: Сара Миновска, Стефанија Ѓорѓиевска, Магдалена Наскоска, Андреа Седлоска, Ана-Марија Коларовска, Јана Донева, Марија Галевска, Ана Гонзалес, Стефанија Софтовска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Мирјана Петковска, Ива Јаковчевска, Јана Арсовска, Катерина Дамјановска, Ивана Џатевска, Јована Трајкоска, Симона Грујовска.

Прв поголем предизвик ќе има и новоформираната пионерска екипа, предводена од Платон, која ја сочинуваат ракометарки од “Јуниор“ лигата. Тие се во група со екипите на  Будуќност, Зрински – Мостар, Метковиќ, Макарска и Врањиќ. Својот прв настап го имаат исто така во петок и тоа против екипата на Враниќ, дуел кој треба да стартува од 18:00 часот. Со овој состав ќе патува тренерот Платон Анжела, а нејзиниот помошник Кузмановска Александра ќе остана да работи во Скопје со младинската екипа.

Составот на пионерките за турнирот во Хрватска: Мила Пешиќ, Мила Крагељ, Александра Колоска, Леа Христоска, Борјана Коцева, Ива Ангеловска, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска, Ана Мирческа, Бојана Коцева, Сара Стефаноска, Магдалена Тошевска.