Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар ќе игра пријателски натпревар со Победа во Прилеп

ФК Вардар ќе игра пријателски натпревар со Победа во Прилеп

ФК Вардар своите летни подготовки за настапот во втората лига Запад ги реализира во Охрид каде што одигра контролка со Ренова. Закажан е нов пријателски натпревар на црвено-црните.

Црвено црните на еден ден пред Илинден на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, недела (1.август) ќе гостуваат на прилепска ФК Победа. Контролката на некогашните шампиони на Македонија и стандардни прволигаши  е закажана со почеток од 18-00 часот.