Вардар ја забележа првата победа на подготовките во Австрија. Попладнево вардарци сосема заслужено славеа победа над австриска Адмира со резултат 2:0 (1:0). Во текот на целиот натпревар нашиот тим беше подобар противник. Головите за “црвено – црните” денеска ги постигнаа Исени во 42 минута и Барсегјан во 49 минута од мечот. Вардарци одлично го одиграа првиот дел и заслужено имаа предност. Во првите 45 минути Вардар беше многу поконкретен тим, имаше голем број на шанси, Адмира можеше на пауза да замине и со два гола или повеќе негатива. Во првиот дел за малку не погодија Блажевски на два пати и Лима на еден наврат. Голот Вардар го постигна во 42 минута, одлична топка доби Исени кој на дебито за Вардар постигна погодок.
На стартот од вториот дел во нашиот тим беа направени шест замени. Во игра влегоа: Пачовски, Хамбарџумјан, Барсегјан, Џигаури, Стојчевски и Стојков а од игра излегоа Гачевски, Брдаровски, Лима, Исени, Којашевиќ и Блажевски. Веќе во 49 минута Вардар сосема заслужено дојде и до 2:0. По еден контранапад Глишиќ одлично го пронајде Барсегјан кој го матираше противничкиот голман од пет метри за веќе 2:0 за Вардар. Потоа до 60 минута Вардар имаше нова шанса преку Барсегјан, но противничкиот голман одлично одграни и спречи 3:0 за Вардар. Во 65 минута во игра влегоа и младите Тодоровски и Колевски на местата на Глишиќ и Глигоров. До крајот на натпреварот и двата тима имаа шанси за гол но не ги искористија.
Треба да се напомене и дека Вардар имаше поддршка од трибините на денешниот натпревар.