Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Потег за поздравување на Вардар, да ја донесе во своите редови најдобрата Македонска ракометарка последниве години
Потег за поздравување на Вардар, да ја донесе во своите редови најдобрата Македонска ракометарка последниве години

Потег за поздравување на Вардар, да ја донесе во своите редови најдобрата Македонска ракометарка последниве години

Мирјета Бајрамовска ќе ја потполни позицијата лев бек во нашиот женски ракометен шампион, откако на крајот на сезоната од екипата на Вардар си замина Сања Дамњановиќ. Бајрамовска после пауза од неколку години реши да се врати и во националната репрезентација, каде нејзините голови не и помогнаа на Македонија, во баражот против селекцијата на Шведска. На двата дуели таа беше стрелец на осум погодоци. Левиот бек во Вардар дојде од екипата на Крим, откако претходно помина три сезони во шампионот на Словенија. Посебно одлична беше првата сезона по пристигнувањето во Словенија, кога постигна 59 голови во дресот на Крим, а вкупниот број на голови е 106 во најголемото ракометно натпреваруње зад нејзиното име во екипата од Словенија.

Претходно настапуваше во Металург, каде исто така беше лидер на екипата и најдобар играч. Во сезоната 2012/13 е прогласена за најдобар стрелец во регионалната лига, постигнувајќи 89 голови.Во сезоната 2009/2010 како дел од Металург беше и најдобар стрелец во Купот Челинџ со вкупно 69 постигнати гола. Бајрамовска е една од најдобрите Македонски ракометарки во последните неколку години. Има настапувано за екипите на Пелистер, Еуростандард и Кометал Ѓ.П. Исто така долгогодишна репрезентативка  на Македонија. Врвот на нејзината кариера би бил освојување на толку посакуваната европска титула на Вардар, кој четири сезони е во најдобрите три екипи во Европа. Правилен потег на клубот да се даде шанса на Бајрамовска, која со нејзиното искуство се надеваме дека ќе му помогне на тимот, во остварување на целта во новата натпреварувачка сезона. На оваа позиција неприкосновена е Андреа Пенезиќ која две години е најдобар стрелец на црвено-црните. За потсетување пред неколку дена, за Вардар потпиша уште една репрезентативка на Македонија, која е една од најдобрите. Се работи за Јована Саздовска, која игра на позицијата лево крило. Вардар во наредниот период треба да ја пополни оваа позиција со уште еден играч, откако од екипата заминаа Мавсар и Херем.