Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар, или генерацијата родени 2003 година во периодот од 23-27.јули ќе настапат на меѓународен турнир во Бугарија, „Христо Бонев“, во организација на Локомотив Пловдив.
На турнирот учество ќе земат вкупно осум екипи поделени во две групи. Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на ЦСКА Софија, Лудогоретц Разград и Стеауа Букурешт. Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Локомотив Пловдив, Ванкувер Олимпик, Славија Софија и Будуќност од Подгорица. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите, кои ќе завршат на првите две позиции во групите А и Б.
Познат е и распоредот на одигрување натпревари за вардаровите пионери:
23 јули ( вторник): ЦСКА Софија – Вардар ( 17:00 по бугарско време)
24 јули ( среда): Вардар – Стеауа Букурешт ( 17:00)
25 јули ( четврток): Вардар – Лудогоретц ( 17:00)
26 јули ( петок): полуфинални мечеви
27 јули ( сабота): Конечен пласман