Генерациите 2008 и 2009 денес одиграа натпревари во Регионалната Скопска Лига, каде гостуваа кај екипата на Работнички. Нашите екипи ги загубија двата натпревари со идентичен резултат од 3:1.
Генерацијата 2009 го загуби својот натпревар со резултат 3:1, а три од четирите голови на овој натпревар беа постигнати по само 9.минути игра. Уште во 1.минута од натпреварот градскиот ривал успеа да постигне гол во нашата мрежа и да го отвори резултатот за 1:0, додека во 8.минута веќе имаа и предност од 2:0. Веќе во следната 9.минута ние успеавме да го намалиме резултатот, со прецизен удар на Коста Бошковски кој се запиша во листата на стрелци за 2:1. Со овој резултат се замина на полувреме.
По само четири минути игра во вториот дел, домашниот тим успеа да го зголеми резултатот на 3:1, кој на крајот се покажа и како конечен. Нашите надежи имаа неколку обиди во овој дел од натпреварот, но сепак не успеаа да донесат нова неизвесност на натпреварот.
Вардар: Лука Грчевски, Даниел Колевски, Максим Дошев, Павел Котески, Матеј Ристевски, Коста Бошковски, Давор Павловски, Вилијам Ангеловски (K), Лука Галевски, Мартин Смиљков, Андреј Јовиќ.
Играа уште и Марко Баснарков и Даријан Величковски.
Пораз со резултат 3:1 доживеа и генерацијата 2008. Во 5.минута домашниот тим постигна гол и го отвори резултатот, додека ние вративме во 23.минута после една соло акција од левата страна, израмнување за 1:1 донесе Илија Митаноски. До крајот на првиот дел, односно во 27.минута противникот ја врати предноста и поведе со 2:1. Со овој резултат се замина на полувреме.
Долго време беше активен овој резултат, се до 78.минута кога Работнички зголеми на 3:1 и го постави конечниот резултат на овој натпревар од Регионалната Скопска Лига.
Вардар: Павел Грбески, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Омер Идризи, Дамјан Буцевски, Дамјан Блажев, Ендрит Кадрији.
Играше уште и Никола Јовановски.