Куманово во завршницата од првиот дел исчекори кон добра предност со серија од 3-0 за да дојде до 15-12 на паузата, па во првите пет минути од вториот дел дојдоа и до најголемите плус пет (19-14), ама Вардар не се предаде и одговори со 6-0 за да го преземе водството (20-19), првпат по првата половина од првиот дел, но брзо се соземаа кумановки за да ја вратат предноста, додоа до плус три во завршните десет минути и сето тоа само беше најава за возбудливата завршница.
На 29-26 за Куманово, Вардар одговори со 2-0, комплетно се врати во мечот, а потоа дојде до 31-31 на 40-на секунди откако Куманово загуби топка и по контрата остана без ракометарка поради исклучување. Сара Стефановска од седум метри израмни, ама во последниот напад на Куманово и Вардар остана без ракометарка, а Граматова на осум секунди стави печат на победата.
Кај нас Стефановска со 10 и Ивона Трпевска со седум гола беа најефикасни.