Вчера, ЖРК Вардар во полуфиналето од Купот на Република Македонија го совлада фаворитот тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. Со што обезбдивме финале против кумановчани. Една од девојките која даде голем придонес, голманот Јована Трајкоска која имаше 5.одбрани во периодот кога се “кршеше” дуелот за оваа средба вели:
Се спремавме доста време за Купот и можам да кажам дека очекувано победивме. Бевме сите мотивирани од прва до последна и посакувавме да кренеме титула оваа година. Противникот имаше технички грешки кои успеавме да ги искористиме. Во нашиот тим сите дадоа максимум и се боревме до последна минута па резултатот си дојде како плод на трудот.
Денес не очекува финале со Куманово, нашиот голман за оваа средба вели:
За денешното финале очекувам исто максимална борбеност, Куманово не се тим за потценување и финалето само по себе е повозбудлив дуел. Сметам ако имаме ваква игра како на вчерашниот натпревар, дека заслужуваме и дека ќе го кренеме пехарот.