Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Филип Гачевски нов голман на ФК Вардар! Рекордерот во мак.фудбалот како “најдолго несовладан голман’’

Филип Гачевски нов голман на ФК Вардар! Рекордерот во мак.фудбалот како “најдолго несовладан голман’’

vardarfans gece

ГЕЧЕВСКИ НА ДУЕЛОТ СО ВАРДАР (ВО ПОРТОКАЛОВ ДРЕС)

Најдобриот голман оваа пролет на македонските фудбалски терени во првата македонска лига Филип Гачевски нов голман на ФК Вардар. Тој пролетва успеја да ја сочува својата мрежа од погодок рекордни 797 минути што е најдобро остварување на голман во историјата на ПМФЛ.

Црвено-црните добиа два рекордери самиот Гачевски го потисна  Пачовски на втората позиција на оваа листа, Томе имаше 790 минути рекорд. Како што извести ццс Вардар се одлучиле за овој млад и квалитетен голман да ги брани црвено- црните бои . Со ова нашиот љубимец добива екстра квалитетно голманско дуо со репрезентативно педигре . Младиот Гачевски годинава во дресот на Штипска Брегалница го покажа неговиот квалитет и класа која ги поседува .