Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа на денешниот дуел со ФК Ренова на домашен терен. Избраниците на Саше Божиноски ги совладаа врсниците од Тетово со резултат 8-0 (3-0), вардарци беа доминантни на целиот дуел од првата судска свирка се до 90.минута.
Дуелот го започна Божиноски со овие 11: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Митревски Матеј, Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Бундалески Максим, Нурединовски Алтин , Спасиќ Тино и Ристовски Стефан.
Имавме офанзива на самиот почеток, црвено-црните пионери диктираа темпо. Отворивме со гол по изведен удар од 11.метра, Бундалески Максим ја зема топката и одлично шутна за наша предност со 1-0 на оваа средба. Напаѓавме и создадовме уште две прилики, најпрвин се закани капитенот Кулуковски Влатко. Во 29.минута со удар од свртување нашата предност ја удвои Спасиќ Тино. Имавме доминација на теренот во сите аспекти, посед, креативност и офанзивност на оваа средба. До крајот на првиот дел вардавите пионери успеаа да создадат две прилики за гол. Најпрвин се закани Нурединовски Алтин, чии удар мина крај голот на тетовчани. Во 38.минута топката дојде до Кузмановски Михаил, вардаровиот играч ја испрати зад грбот на голманот на сино-белите за високи 3-0. Подоцна се покажа дека тоа е последниот погодок во првите 45.минути на оваа суперлигашка пионерска средба.