Денес, по долго време ФК Вардар беше домаќин онаму каде што тоа и е негов дом, Градскиот стадион во Скопје. Во дуел од 19. коло во 2.лига ние ја пречекавме екипата на ФК Охрид, во овој важен дуел успеавме да дојдеме до минимална, но важна победа со 1-0 (0-0).
Тимот на Охрид денес беше дојде да се брани, во текот на целиот дуел речиси и да не се закани кон голот на Гачевски Филип. Во првиот дел ние имавме шанса преку капитенот Дејан Блажевски, ударот на Шиле го скроти голманот на гостите, на па пауза заминавме со почетните 0-0.
Во вториот дел имавме само две шанси за одбележување, во првата Наумовски упати удар крај голот. Голот вреден 3.бода го постигна Керим на само пет минути до крајот на натпреварот, тој стрелаше за конечните 1-0 во 85.минута, со удар по земја и донесе голема радост и три бода во битката за баражот за првата фудбалска македонска лига.
Покрај нас и тимовите на Воска и Силекс кој се пред црвено-црните на табелата остварија победи во ова 19.коло од втората по квалитет фудбалска лига во земјава.