Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар совладан со звукот на сирената од ЖРК Куманово
Вардар совладан со звукот на сирената од ЖРК Куманово

Вардар совладан со звукот на сирената од ЖРК Куманово

ЖРК Куманово,  денес во салата „Перо Наков“ во истоимениот град го пречека црвено-црниот тим предводен од Драгана Ристова и Александар Царчев во дербито на колото од плеј-офот. ЖРК Вардар на овој важен дуел беше поразен со 29-28 со удар во последната секунда (14-14).

Отворивме подобро и поведовме со два гола, веќе во 5.минута со вториот погоден пенал по ред на Михаела Стојановска која “награди“ одлична одбрана на Трајкоска поведовме со 1-3. Кумановчанки во 11.минута се вратија на резултатската симетрија кога изедначија на 5-5. Потоа се играше гол за гол, домаќинот поведуваше, а ние враќавме па во последните 7.минути влеговме со резултат 10-10 кој го постигна пикерот Катерина Дамјаноска од пенал. Ова беше дуел на две квалитени екипи, кои многу добро одиграа во одбрната, домашниот голман и нашата Трајкоска додатно ги отежнуваа стрелците. Конечно по 14.минути повторно поведовме, Трајкоска одбрани храбро во напад влезе помеѓу два чувара Галевска Марија  за гол предност (10-11), домашната клупа побара минута одмор на 5,минути и 50секунди до крајот. На одмор заминавме со резултат 14-14 поставен на 4.секудни до крајот, домаќинот изведе пенал кој беше претворен во погодок.

Куманово поведе со 16-15 по 5.минути игра во вториот дел, ние заигравме подобро во одбраната и успевме со два врзани гола да поведеме со погодокот на капитенот Диневска во 7.минута од овој период со 16-17. Останавме со минус три исклучени ракометарки во еден момент, тоа го искористи домаќинот и поведе со 19-18, сепак храбиот влез на Марија Николовска и двете одбрани на Илиќ не одржаа на егал, 19-19 до комплетирањето. Точно на средината на вториот дел поврорно беше реми, 21-21, по одбраната на Илиќ и мајсторскиот влез на Костовиќ Ангела. Конечно еден тим имаше два плус, за жал тоа беше домашниот во 49.минута (24-22), Ристова реагираше и побара минута одмор со цел да го прекинеме налетото на противникот. Можеби требаше да го искористиме третиот голман од ростерот во тој период.  Вардарки се бореа навистина максимално против тимот кој во просек е поврозрасен од нашата екипа, прикажаа денес добра игра. Во последните 2 и пол минути влеговме со 28-27 по голот со пожртвуван пад на Борјана Коцева, таа девојка три пати по ред влезе во “оган“ и не одржа во игра до тој момент. Драмата доживеја кулминација во последните 45.секунди, ние израмнивме со голот на Дамјаноска од пенал. Куманово имаше напад на 16.секунди до крајот, а претходно искористија тајм-аут. За жал домаќинот погоди во последните секунда-две за конечни 29-28.

Капитенот Диневска имаше 6.гола, Миновска даде 4.погодока. Илиќ сопре 6.удари, Трајкоска 4.топки.