Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ренова е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар
Ренова е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар

Ренова е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар

Претстојниов викенд на програмата е второто коло во младинските фудбалски лиги. Во сабота (31.10), пионерските екипи на ФК Вардар ја пречекуваат Ренова, додека кадетите и младинците во недела (01.11) гостуваат во Тетово кај истиов противник.

Пионерските екипи на Вардар имаа одличен старт на сезона, со оглед дека го добија тимот на Еуроспорт на дуели кој се одиграа во Куманово. Генерациите кои се преводени од Стефановски и Тодоровски се големи фаворити за освојување на бодовите против екипата на Ренова. Натпреварот на помладите пионери стартува од 10:00 часот, пионерите ќе започнат од 12:00 часот.

Распоред на натпревари за 2.коло во помладата пионерска и пионерска лига:

Академија Пандев – Брегалница

Шкупи – Пелистер

Македонија Ѓ.П – Победа

Њу Старс – Куманово Еуроспорт

Вардар – Ренова

Работнички – Шкендија

Кадетите и младинците на Вардар ќе се обидат да стигнат до максимален број на освоени бодови, после првите две одиграни кола. Сепак нема да имаат лесна задача, со оглед дека Ренова може да биде незгоден противник на домашен терен. Во првото коло, кадетите на Ренова го победија Работнички на гостински терен, додека младинците го загубија натпреварот. Натпреварот на кадетите во недела започнува од 09:00 часот, додека младинците ќе стартуваат од 11:00 часот.

Распоред на натпревари за 2.коло во кадетската и младинска лига:

Брегалница – Академија Пандев

Пелистер – Шкупи

Победа – Македонија Ѓ.П

Куманово Еуроспорт – Њу Старс

Ренова – Вардар

Шкендија – Работнички