Денешниот натпревар на Вардар против екипата на ПСЖ е одложен. Вардаровата експедиција не отпатува за Париз, поради двајча членови кои испаднаа позитивни на коронавирус.
Целиот клуб во наредните десет дена ќе биде во изолација, поради спречување за понатамошно ширење на заразата. Со оглед дека после дуелот со ПСЖ се игра ЕХФ неделата, за црвено-црните нема да има друг натпревар кој ќе биде одложен во ЛШ.
Од друга страна, осум играчи од Вардар кои добија повик од селекторот Брестовац, нема да бидат во можност да настапат за македонската репрезентација. Се работи за Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Димитар Димитриоски, Марко Мишевски и Марко Кизиќ и Томислав Јагуриновски.