Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир во нов дерби дуел
ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир во нов дерби дуел

ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир во нов дерби дуел

Денес, ЖРК Вардар ќе одигра одложен натпревар од женската супер ракометна лига. Ние гостуваме кај тимот на Чаир во истоимената скопска населба. 

Натпреварот е закажан со почеток во 20:00 часот. Во овој дуел ние влегуваме од позицијата број два, нашиот ривал се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Оваа средба ќе биде клучна за задржување на позитивниот исход и пласманот во топ-3 пред зимската пауза.

Досега  оваа ракометна есен одигравме девет дуели, седум победивме, девојките на Ристова и Царчев имаат и едно реми и еден пораз. Собраа 22.бода па на табелата се зад Куманово, а пред Металург и денешниот ривал.