Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ајетовиќ и Стојилевски забележаа репрезентативни настапи
Ајетовиќ и Стојилевски забележаа репрезентативни настапи

Ајетовиќ и Стојилевски забележаа репрезентативни настапи

Двајца вардарови играчи забележаа репрезентативни настапи во текот на вчерашниот ден.

Младата репрезентација на Македонија до 17 години забележа пораз со 3:0 од соодветната селекција на Исланд во рамките на првото коло од квалификацискиот натпревар за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година. Исланд славеше висока победа во Скопје со резултат 0:3. На овој натпревар, во стартните 11 на Македонија беше играчот на Вардар, Нуман Ајетовиќ кој беше заменет во вториот дел од натпреварот. Шанса за настап на следниот натпревар ќе бара Дарко Сековски.

Марко Стојилевски исто така се најде во стартниот состав, на Македонија У19 која втор пат ремизираше со соодветната репрезентација на Малта на контролен натпревар одигран на гостински терен. Натпреварот заврши со резултат 0:0, а Малта промаши пенал во последните минути од натпреварот, односно поранешниот вардаров голман, Стефан Тасев успешно одбрани.