Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар со Ибиши и Димоски ја „напаѓаат“ Шкендија
Младинците на Вардар со Ибиши и Димоски ја „напаѓаат“ Шкендија

Младинците на Вардар со Ибиши и Димоски ја „напаѓаат“ Шкендија

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/4 финалето во Купот на Македонија. На теренот во населбата Јане Сандански, вардарци ќе ја пречекаат екипата на Шкендија.

Вардар има негатива од два гола (3:1) заврши првиот меч одигран во Тетово, во корист на Шкендија. Противникот е лидер оваа сезона во младинската лига, а ова ќе биде четврт меѓусебен дуел на двете екипи сезонава. Сите три ги доби екипата од Тетово.

Оваа сезона, младинскиот состав на Вардар го сочинуваат голем број на играчи кои се генерациски родени 2002 година, па во такви околности е тешко да се носи со противниците. Сепак за овој реванш дуел, Вардар ќе биде засилен за Џемал Ибиши и Бојан Димоски, кои знаеме дека настапуваат за првиот тим на Вардар. Токму Ибиши е најголемата опасност за тетовскиот тим, кој после повредата се врати и одигра неколку одлични натпревари за првиот тим. Дали присуството на Ибиши и Димоски ќе биде доволно да се надомести негативата, останува да видиме утре. Мечот ќе започне од 11:00 часот.