Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Академците од ФФМ подобри во дуелите со генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар
Академците од ФФМ подобри во дуелите со генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар

Академците од ФФМ подобри во дуелите со генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар

Денес на терените на ФФМ ревијални натпревари со Академијата на ФФМ, одиграа генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. На двата меча бевме поразени со минимални резултати.

Генерацијата 2006 на Вардар загуби со резултат 0:1, иако имавме и ние свои прилики, сепак на крајот бевме поразени.

Вардар: Данстак, Николов, Спасовски, Јанковски, Настевски, Миовски, Величковски, Нурединовски, Николовски, Ајетовиќ и Алији.

Пораз доживеа и генерацијата 2005 на Вардар од Академијата на ФФМ, составена од играчи кои се родени 2006 година. Иако на полувреме имавме водство од 0:1, сепак во вториот дел, се случи пресврт, па академците на ФФМ победија со резултат 2:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар го постигна Никола Величковски.

Вардар: Филевски, Кулуковски, Таневски, Ристовски, Николовски, Калановски, Стефановски, Лефковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски.