Thursday ,14 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гоцевска и Галевска: Повредите се зад нас, подготвени сме и заедно со тимот ќе атакуваме на успех во сите категории
Гоцевска и Галевска: Повредите се зад нас, подготвени сме и заедно со тимот ќе атакуваме на успех во сите категории

Гоцевска и Галевска: Повредите се зад нас, подготвени сме и заедно со тимот ќе атакуваме на успех во сите категории

ЖРК Вардар овој викенд ја започнува пролетната сезона во Супер лигата, прв предизвик за девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев е неделниот дуел со тимот на РК Спартак од Скопје. Ние неделава имавме „загревање“ за пролетниот дел, одигравме дуел во младинската лига каде го „потопивме“ тимот на ЖРК Чаир со високи 56:16. Не очекува долга и богата пролет со натпревари, три различни натпреварувања се пред нас, лигата, Купот и младинската конкуренција.

Како најава за почетокот на оваа сезона ви носиме изјави на двата средни бека, имењачките Марија Галевска и Марија Гоцевска. Станува збор за две ултра талентирани девојки кои покрај името и истата позиција ги поврзуваат уште неколку работи, па се одлучивме за заедничка изјава. Двете за жал мораа да минат долг и напорен процес на опоравување од повреда изминатата сезона, за среќа на сите на почетокот на оваа успешно се вратија во комбинација. Вардар влезе посилен во сезоната 2019/2020 за два талентирани играчи на плеј-позицијата. Галевска и Гоцевска за кратко покажаа дека се важна алка од тимот, веднаш почнаа да имаат значаен учинок во резултатите, заедно имаат 30-сетина голови изминатата есен. Сите ги радува во тимот нивното одлично враќање во игра, вардаровиот колектив доби на широчина во ростерот, креативност во нападот  и квалитет. Креативниот ум на Галевска и вродената дарба за ракометна креативност, заедно со вештината, лукавоста и одважноста  на Гоцевска донесоа нов позитивен имплус за нашиот тим.

ГАЛЕВСКА(лево)-ГОЦЕВСКА(десно)

ГАЛЕВСКА(лево)-ГОЦЕВСКА(десно)

-Двете вардарки во изминатата сезона 2018/2019 за жал не можеа да помогнат на тимот имаа повреди кои бараа долг процес на рехабилитации. Сепак она што радува, тие се вратија на почетокот на сезоната, не само што повторно беа во комбинација туку почнаа од меч во меч да имаат нагорна линија на формата. Како тие ја надминаа ова лоша фаза и како успеаа повторно да блеснат во нивната препознатлива форма од пред повредите дознаваме на почетокот:

Галевска: Благодарејќи на Марија Лојаница моите подготовки беа одлични. Ме подготви доволно за секој натпревар да го играм без никаков проблем. Сега се чуствувам сигурна во себе, го оставив зад мене лошиот период. Што се однесува до мојот настап, сум задоволна од моите перформанси, но уште треба да работам на себе. Секако голем удел имаше и тренерот Ристова Драгана која повторно ме врати во игра тактички и многу ми помогна за повторно да го стекнам натпреварувачкиот ритамот.

Галевска: Повредата е зад мене..

Галевска: Повредата е зад мене, работата со  Лојаница ми помогна

 

Гоцевска: Пред се повредата за мене беше тешка, ја надминав и сега сето тоа е минато. После секоја повреда и отсуство од терените за секој спортист е тешко да се врати во форма, за да даде свој максимум како што било и пред повредата. Јас успеав да се вратам од тешката повреда која ме оддалечи шест месеци од теренот, сепак силната желба и големата волја беа пресудните фактори за моето враќање. Се трудев и напорно работев на тоа што поскоро да се вратам на терените. За сето тоа сакам да изразам благодарност на мојот клуб, што ми овозможи да се вратам во форма по долгата пауза. Задоволна сум од секој свој настап кој го одиграв есенската полусезона, може да се каже дека колку-толку и помогнав на мојата екипа да се избори за секоја победа.

-Следи продолжение на сезоната, двете Марии даваат оцена на досега одиграниот есенски дел и постигнатите резултати на црвено-црниот женски ракометен вардаров колектив.

Галевска: Со оглед на тоа дека во женската Супер лига се пласиравме по есенскиот дел како трети на табелата, додека во младинско, втори на табелата каде што можевме и многу подобро да се пласираме.
Затоа оваа зимска пауза се подготивме доста добро, со цел  за да ги покажеме нашите квалитети кои ги поседуваме и да атакуваме на успех во продолжението, очекувам добри игри од сите нас.

Гоцевска: Влезот во сезоната за нас беше одличен. Одигравме неколку одлични партии, во кои го покажавме нашиот квалитет како млада екипа. Но, сепак на некои натпревари имавме и одредени падови, кои за нас не треба да значат пораз, туку напротив да бидат лекција за да ги поправиме грешките. Горда сум на мојот тим за постигнатиот успех оваа полусезона, и се надевам на подобри игри во пролетниот дел, како и искачување на погорно место во табелата.

Гоцевска: Горда сум на мојот тим за постигнатиот успех

Гоцевска: Горда сум на мојот тим за постигнатиот успех..

-Пред црвено-црните дами се три натпреваруања, Супер лигата, Купот на РМ и младинската конкуренција. Вардар оваа сезона е „побогат“ во ростерот за Галевска и Гоцевска, тоа е квалитет плус на тимот. Двете со добрите игри есенва и во подготвителниот период наговестуваат дека нивниот придонес ќе биде голем во она што следи.

Галевска: Во младинска лига имавме „кикс’ против екипата на Куманово каде што бевме поразени.  Изгубивме  бодови оваа есен, сепак ќе се потрудиме да го подобриме резлутатот пролетва во таа младинска конкуренција. Купот кој допрва ќе почне да се разигрува, се надевам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, минатата сезона отидовме на Ф4 се надевам дека ќе го повториме истото и сега. Во Супер лигата очекувам да „извадиме“ подобар резлутат од првата полусезона, тука се надевам ќе дојде до израз и ќе се  отслика нашата одлична  соработка во тимот  и нашата квалитетна подготовка за време на паузата.

Галевска: Очекувам успех во сите три конкуренции, тимот е подготовен

Галевска: Очекувам успех во сите три конкуренции, тимот е подготовен

Гоцевска: Јас лично како дел од тимот, очекувам сработеното за време на зимскиот подготвителен период да го истакнеме и подигнеме нивото во сите нагорни линии. Ќе играме, ние и претходно покажавме дека можеме. Секако за мене постои мислата „секогаш играме, и ќе играме подобро од подобрите од нас”, и вреувам дека можеме во тоа. Во моментот позицијата на табелата во Супер лигата не е и мерило за нашите можности и капацитет. Сигурна сум дека можеме повеќе, а дека е така ќе докажеме на терен. Во Младинската лига играме против свои врснички, каде се надевам дека и овде ќе го истакнеме најдоброто од нас, кое ќе се одрази како успех. Во Купот кој допрва доаѓа, очекувам подобар резултат во споредба со ланскиот одигран финален меч во кој пресуди искуството на противничката екипа. Сметам дека сето тоа ни дава потик оваа година да го достигнеме врвот, и уверена сум во тоа.

Гоцевска: Силината на Вардар е поврзаноста, сполотеноста на сите поеднинци..

Гоцевска: Силита на Вардар е поврзаноста, сполотеноста на сите поеднинци..

*Двете млади дами за крајот ни ја потенцират силата на црвено-црниот женски колектив, млад тим кој „жнее“ успеси. Тие го потенцираат заедништвото и поврзаноста како главен двигател на тимот:

Галевска: Силата на овој црвено-црн колектив е заедничката поврзаност и соработка на секој од нас. На доста високо ниво е поврзаноста меѓу играчите и тренерите. Зад сите нас е  напорната работа и трудот  што го издвоивме во подготвителниот период, на тоа се додава и  хемијата што ја имавме помеѓу нас играчите. Заедно со тимска работа и посветеност можеме да постигнеме поголем успех оваа сезона.

Гоцевска: Силата на овој тим е колективната игра, тимскиот дух, огромната желба и позитивната хемија која постои помеѓу сите нас. Сепак овде секако е и мотивацијата како и силната верба во самите себе. Секогаш се бодриме, веруваме сите и живее една за друга. За нас најголем квалитет е колективот тоа не водеше досега, и така ќе биде и сега.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ