Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Резултати од првото пролетно коло во фудбалската Јуниор лига, за генерација родени 2003 година
Резултати од првото пролетно коло во фудбалската Јуниор лига, за генерација родени 2003 година

Резултати од првото пролетно коло во фудбалската Јуниор лига, за генерација родени 2003 година

Денес официјално стартуваше пролетниот дел од сезоната во фудбалската Јуниор лига. На теренот во населбата Јане Сандански се одиграа натпревари во неколку возрасни генерации. Ви ги пренесуваме резултатите од одиграните мечеви во генерацијата тодени “2003“ година.

Екипата на ФК Ново Лисиче која е нов учесник во Јуниор лигата и се приклучува во пролетниот дел за нив ова беше прв натпревар. Тие остварија победа во дуелот со екипата на Еуроспорт од Куманово. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1. Сите три гола за Ново Лисиче беа дело на Филип Трајковски. По првото полувреме резултатот беше 2:1. Поведе Н. Лисиче со 1:0, по што следеше израмнување со погодокот на Милорад Илиевски. Сепак на полувреме Ново Лисиче имаше водство од 2:1. Во вториот дел уште еден погодок во мрежата на Еуроспорт.

Во вториот натпревар од иства возрасна генерација се сретнаа екипите на Мал Ајакс од Штип и Слога 1934 од Виница. Поуспешна беше екипата на Мал Ајакс, која успеа да победи со два гола во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Иван Глигоров со два гола им донесе триумф од 2:0 на екипата на Мал Ајакс.

Во првото пролетно коло настап имаше и нашата Вардарова генерација предводена од тренерот Ане Андоновски. Нашите млади надежи одиграа два натпревари и на двата забележавме победи. Во првиот меч се сретнавме со екипата на Прилеп и славевме со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Стефан Стојановски со прекрасен гол од голема далечина. Во вториот натпревар противник ни беше екипата на Еврофудбал од Охрид. Тука целосно доминиравме и покрај двата постигнати гола имавме уште неколку одлични прилики за поубедлив триумф. Конечниот резултат беше 2:0. Стрелци на головите беа Дарио Јовановски и Марио Петрушевски.

Еден натпревар во првото пролетно коло се одигра и во генерацијата родени “2004“ година, помеѓу екипите на Борец Јуниор од Велес и Рудар Јуниор од Пробиштип. Само еден погодок го реши денешниот натпревар и тоа дело на Милан Митков за победа на Борец од Велес. По првото полувреме резултатаот беше 0:0.