Легендарното лево крило на црвено-црните Васил Рингов кој во својата кариера во далечната 1983 година има впишано полусезона како играч на Динамо Загреб за хрватските медиуми даде свое видување за престојниот двомеч Динамо-Вардар. Тој го искажува своето мислење дека ФК Вардар полека по доаѓањето на г-н Самсоненко гради силен тим, но предупредува дека Динамо е скалило погоре во однос на квалитетот. Тој во изјава за хрватските медиуми вели:
Нешто се обидуваат да направат, но за тоа освен пари, потребно е и време. Пред две години клубот го презеде рускиот милионер Сергеј Самсоненко, вложи пари во Вардар со што доминираат во македонскиот фудбал. Но, тоа не е мерило за силата на Вардар бидејќи секоја сезона очекувањата исчекор во Европа. Динамо секако дека е многу поискусен и дека е фаворит на двомечот, но и на играчите на Вардар ќе имаат голем товар, бидејќи и од нив се очекува успех. Секако за Вардар ова е најтешката ждрепка, но сигурен сум дека ќе се борат до самиот крај и дека на загрепчани нема да им биде лесно. Посебно не на првиот натпревар во Скопје кога навивачите силно ќе ги бодрат и ќе им помогнат на своите фудбалери. Иако Динамо е фаворит, но загрепчани ќе се излажат ако го сфатат несериозно Вардар.
Васил Рингов на прашањето дали тоа што нашиот тренер Гоце Седлоски добро го познава тимот на “модрите“ е некаква предност за црвено-црните во овој европски шампионски двомеч, тој го потенцира следново:
Може Седлоски да биде најдобар мотиватор и тактичар на светот, но сè се разрешува на самиот терен. Ти можеш да зборуваш што сакаш, да им ги покажиш на играчите недостатоците на противникот, па и да црташ на плоча… Сепак на крајот тие се оние кои ќе истрчаат на теренот и треба да покажат што знаат. А тука Динамо има голема предност, има далеку подобри поединци.